Тениската репрезентација на Македонија не успеа да влезе во финалето на турнирот во Бугарија, во рамките на третата Евро-африканска зона.
Македонските тенисери, во петокот, ги загубија двата дуели во синг од домаќинот на турнирот.
Горазд Србљак беше поразен од Александар Лазов (6:1, 6:1), додека Димитар Грабул со 6:2, 6:2 загуби од Димитар Кузманов.
Бугарија утре ќе се бори за пласман во повисок ранг, а Македонија и наредната година ќе игра во третата Евро-африканска зона.
Инаку, во првите две кола македонските тенисери забележаа две победи над Исланд (2.1) и Албанија (3:0).