Легендарниот тениски гренд-слем турнир Вимблдон ќе се игра од 1. до 14. јули годинава, а посебна ѕвезда на турнирот ќе биде 18-годишната Франческа Џонс.
Младата тенисерка од Лидс доби „вајлд-карта“ за настап.
Џонс е родена со ретко генетско пореметување, познато како „ЕЕД“ или „ЕЕЦ“. Таа е родена со испреплетени прсти и по многуте операции сега е со 8 прсти на рацете и 7 на нозете.
Поради хендикепот Џонс имала големи проблеми со рамнотежата, а лекарите и рекле дека неможе да биде врвна тенисерка. Сепак, Франческа не се откажала.
Таа сега е на 297 место на ВТА листата.
„Секогаш кажувам дека најголемо задоволство во животот е она што луѓето велат дека е невозможно. Тоа е и моето мото. Секојдневно работам напорно и ги пробивам сопствените граници. Знам колку се борев до сега за да играм тенис. Верувам дека можам да се доближам до врвот“ – вели Џонс.
Без сомнение, настапот на Џонс на Вимблдон ќе биде многу емотивен, а секој освоен поен, гем или победа ќе бидат уште еден доказ дека успеала.