Top Sport

Тенискиот маратон во Хале му припадна на Федерер

Нова епска пресметка одиграа третиот светски рекет, Роџер Федерер и францускиот тениски ас, Жо Вилфред Цонга на тенискиот турнир во Хале, Германија.

По речиси 140 минути игра Швајцарецот го совлада со 2-1 во сетови 77-миот светски тениски рекет за четвртфинале на турнирот на кој ја брка јубилејната десетта титула.

Федерер го доби првиот сет, со многу мака, во тај-брјк со 7-6.

Во вториот сет Цонга заигра подобро и успеа со 6-4 да се избори за трет, одлучувачки сет.

Во него беше израмнет резултатот на 5-5 кога швајцарскиот ас направи брејк на сервисот на противникот, по што го зема неговиот сервис за победа од 7-5.

Во четвртфиналето Федерер ќе се судри со Шпанецот Баутиста Агут.

Scroll to Top