Цели 16 кола белградкиот кошаркарски претставник во АБА лигата, Црвена Звезда не знаеше за пораз во регионалното натпреварување и тогаш дојде гостувањето во Загреб, кај Цедевита.
Цедевита денеска во Домот на спортовите славеше убедлива победа против Звезда со 84-68, со тоа што гостите од Белград во финишот на мечот се изборија за подостоинствен пораз.
Цедевита имаше 4 порази во низа во сите натпреварувања пред денешниот меч во кој момците на тренерот Славен Римац се надминаа себеси и славеа убедливо.
Прв кај поентерите беше Џејкоб Пулен со 15 поени, Кобс постигна 14, Крушлин 13, а Стипановиќ и Кук по 12 поени.
Кај поразената екипа Огнен Добриќ постигна 17 поени.
За Цедевита ова е 12 победа во 17 меч во АБА, а прва над Звезда уште од 2017 година.