Вчера во Португалија на дерби мечот меѓу Спортинг Лисабон и Порто иако немаше голови, сепак навивачите беа дел од вжештена атмосферам буквално.
Домашните тифози приредија спектакл на трибините, но притоа од немарност ја запалија својата трибина.
Мораше да реагираат пожарникарите за огнените јазици да не се зголемат. Најверојатно навивач на Спортинг фрлил факел кој паднал на едно од столчињата, тоа се запалило и оганот брзо се раширил.
Погледнете го видеото кое стана хит на социјалните мрежи:
Sporting é bué lit ??? pic.twitter.com/WuQbsPfKcK
— Manuel ? (@manuelrego27) January 12, 2019