Top Sport

Тинејџер испрати ракета од 60 метри во 92 минута, погодок за најавни шпици (видео)

Тинејџерот Чарли Келман (17) го ублажи поразот на својот Саутенд од екипата на Плимут во третата англиска лига со проектил „испукан“ од 60 метри.

Младиот играч влезе на теренот во 71 минута, а во 92 минута кога виде дека противничкиот играч е излезен од гол линијата, со силен удар артилeриски одмерен успеа да постигне дебитантски погодок. Сепак не успеа да спречи пораз на неговата екипа.

Келман роден е во Англија, но дебитираше за јуниорската репрезентација на САД затоа што неговиот татко е Американец.

Погледнете ја „ракетата“ на тинејџерот:

Scroll to Top