Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ (34) подолг период го нема на тениските терени поради бројните повреди, но духот одлично му работи. Додека тој се подготвува за враќање во елитниот тенис, помош бара во јогата.
Типсаревиќ на Инстаграм профилот сподели видео на кое виси со главата кон земјата и притоа се обидува да го враќа топчето. Под снимката Јанко напишал:
„Јога предизвик… Покажи ми што знаеш Новак“.
Погледнете како изгледа сето тоа: