Top Sport

„Тотенхем на Мурињо е далеку од оној на Покетино“

Стручниот коментатор на „Sky Sports“, легендарниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер изјави дека португалскиот стратег на клупата на „петлите“, Жозе Мурињо го уназади клубот.

Мурињо оваа сезона го замени Покетино на тренерската позиција, но пред заминувањето на Аргентинецот од кормилот на Спарси, клубот играше финале во ЛШ.

Карагер верува дека сега Тотенхем е подалеку од титулата отколку што беа под водство на Покетино.

„Покетино беше за еден и двајца играчи одалечен од освојување на лигата. На Мурињо сега, поради начинот на кој тој сака да игра, а играчие не се навикнати, му требаат 4 или 5 засилувања за да го врати Тотенхем таму каде што Покетино го остави“ – смета Карагер.

Легендата пак на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека навивачите на Спарси го губат трпението и не им се допаѓа стилот на фудбал на Португалецот.

„Некогаш таквите партии ги нарекувавме `Мурињови мајстории`. Мислам дека сега играта се промени, посебно откако Пеп Гвардиоа дојде во ПЛ, па и поради тоа што Клоп го прави. Тоа се прогресивни стилови на фудбал. Не сум сигурен колку навивачите го прифаќаат овој прагматичен фудбал кај Мурињо“ – вели Невил.

Тотенхем во моментов е осми во ПЛ, со 9 бода заостаток зад Челси кој е четврти на место кое води во ЛШ.

Scroll to Top