Страшна вест доаѓа од Мексико, каде на фудбалерот на грчки АЕК, Родолфо Пизаро, крадци ја задавиле тетка му, а ги претепале мајка му и вујко му.
Играчот од средниот ред не бил во Мексико за време на злосторството. Според локалните медиуми, неговата тетка, Елизабет Томас Гонзалес, најпрвин била претепана, а потоа задавена, додека неговата мајка Лаура била тешко повредена.
Наводно, се се случило кога мајката и вујкото на фудбалерот заедно со куќната помошничка отишле кај неговата тетка, која не им се јавувала на телефон.
На лице место нашле грозоморни сцени, а крадците почнале да ги тепаат. Голема трагедија е избегната благодарение на куќната помошничка која успеала да повика помош, а на местото на настанот брзо пристигнале полициски патроли и медицински служби.
За жал, само можеле да ја констатираат смртта на тетката на Пизар.
¡FUERZA RODO ESTAMOS CONTIGO! 🙏
Lamentablemente le arrebataron la vida a la tía de Rodolfo Pizarro en Ciudad Madero
Su mamá intentó huir y recibió dos impactos de bala, su tío fue golpeado gravemente pic.twitter.com/If6rwQbPuW
— Analistas (@SomosAnalistas_) January 29, 2024