Top Sport

Тренерот на ПСЖ, Тухел не можел да спие, ги чека зимските засилувања!

Шокантната елиминација на ПСЖ дома од Генгамп (1-2) во францускиот Лига куп го запали црвеното светло на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Екипата на Томас Тухел има високи 13 бода предност и два натпревари помалку од второпласираниот Лил во Лига 1, но челниците на клубот се загрижени за играта затоа што напролет во осминафиналето на ЛШ ќе се судрат со препородениот Манчестер Јунајтед.

Затоа клубот во јануарскиот преоден рок купува играчи иако тимот е полн со ѕвезди.

„Ништо не можам да земам здраво за готово. Не можам мирно да спијам додека не доведеме засилувања. Во клубот ги знаат моите размислувањ и ме уверуваат дека некој ќе дојде. Се додека тоа не се случи, не моѓам да бидам мирен“ изјави Тухел чиј тим се проценува на околу 900 милиони евра.

Германскиот стратег бараше играч за врска во тимот, но летоска не најдоа таков профил на играч, па затоа Маркињос често игра како последен во средниот ред.

Scroll to Top