Проблемите за организаторите на престижниот тениски турнир Вимблдон ги создава вирусот Ковид-19. Откако пред два дена поради позитивни тестови на Ковид-19, Хрватот Марин Чилиќ и Италијанецот Матео Беретени мораа да го напуштат турнирот, трета „жртва“ е шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут.
„Го известив Вимблдон околу моето повлекување бидејќи сум позитивен на Ковид-19. За среќа симптомите не се сериозни, но мислам дека ова е најдобрата одлука. Благодарам на поддршката и се надевам дека ќе се вратам брзо“, напиша Баутиста-Агут.
Шпанецот денеска во второто коло требаше да игра против Колумбиецот Галан-Риверос кој директно обезбеди пласман во следната рунда.