Без услугите на првата ѕвезда, Ваел Жалуз кој е повреден, репрезентацијата на Тунис предмалку ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со 24-20 на ракоменото СП во Германија и Данска.
Тунижаните освоија 2 многу значајни бода во групата Ц во Хернинг, Данска со кои моментно се на третото место на табелата кое води во главната групна фаза.
Во натпревар без многу голови репрезентативците на Тунис го диктираа темпото од почетокот до крајот. Првите 30 минути ги добија со 12-8, а на крилата на Бугханми стигнаа до конечни 24-20.
Покрај Бугханми кој постигна 7 гола, кај Тунис со ист број погодоци се истакна и Санаи кој заработи црвен картон во 48 минута.
Кај С.Арабија Ал Абдулали постигна 5, а Ал Салем 4 погодоци.
Тунис е трет на табелата во моментов со 4 бода од 3 натпревари, а зад нив со по 2 бода се Автрија и Чиле кои денеска ги играат своите мечеви од третото коло против Данска односно Норвешка.