Угледниот британски фудбалски портал „Four Four Two“ јасно стави до знаење што мисли за изборот на Хрватот, Лука Модриќ за најдобар фудбалер на планетата за 2018 година.
Порталот го објави врвот на својот избор на најдобрите во годината што поминува, а играчот за врска на Реал не е ниту меѓу најдобрите тројца фудбалери.
Модриќ годинава ги собра сите признанија, наградата за на јдобар на СП во Русија, најдобар во изборот на ФИФА и последно „Златната топка“, но „Four Four Two“ не се согласува со тоа.
Тие сметаат дека најдобар на планетата е Лео Меси, на второ место е Кристијано Роналдо, додека трет е Килијан Мбапе. Модриќ е четврти, па следуваат Гризман и Салах.
https://www.fourfourtwo.com/features/fft100-2018-no4-luka-modric-real-madrid