Top Sport

Урнебесно – Томас Милер го исмејуваше Александар Павловиќ

Александар Павловиќ изминативе денови беше централна тема во српските и германските медиуми поради неговата одлука за која фудбалска репрезентација ќе настапува.

И покрај тоа што целата српска јавност се надеваше дека тој ќе ја избере земјата од своите корени, тој сепак се одлучи за репрезентацијата чии помлади селекции ги помина и каде е роден и израснат.

Баерн во саботата беше убедлив против Дармштад победувајќи со 5:2, а повредата на окото ја заработи младиот Павловиќ.

Дури и германскиот „Кикер“ стравуваше дека тоа би можело да го одложи дебито за „панцерите“ на пријателските натпревари следната недела, но се чини дека се е во ред со играчот од средниот ред на Баварците.

За тоа сведочи сцената по средбата, кога Томас Милер буквално го исмејувал поради лошата среќа што го снашла.

Scroll to Top