Еден од најголемите визионери во фудбалската историја, легендарниот Холанѓанец Луј Ван Гал во 67-та година од животот и службено објави крај на големата кариера. Тој е без работа цели 3 години, по напуштањето на Манчестер Јунајтед во 2016 година.
„Готово е со работа. Мојата сопруга е среќна поради тоа. Таа е во пензија веќе 22 години за да поминува повеќе време со мене. Јас и ветив дека ќе се повлечам на 55, но тоа траеше повеќе. Не можам повеќе, како што играчите имаат право да се со мене, има и таа“ – рече Ван Гал.
Холанѓанецот во богатата кариера го водеше Ајакс, Барселона во два наврати, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, а беше и селектор на репрезентацијата на Холандија.
Најголемите успеси ги имаше во средината на 90-тите кога со Ајакс во 1995 година стана шампион на Европа, а следната сезона играше во финалето.