Нерешено 1-1 заврши дербито на Англија меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал во 7. коло од Премиерлигата.
„Црвените ѓаволи“ имаа повеќе шанси да дојдат до победата, но „топчиите“ пред се благодарение на ВАР сигнализацијата освоија бод на жешкото гостување.
Во првото полувреме Давид Де Хеа имаше неколку добри интервенции на голот на Јунајтед, а награда за тоа доби од младиот МекТоминеј кој со прекрасен удар од 20-тина метри донесе водство за „ѓаволите“ од 1-0 во последните моменти од првиот дел.
Во второто полувреме играчите на Арсенал тргнаа поотворено, а Обамејанг искористи еден кикс на домашната одбрана за израмнување 1-1. Иако помошникот го подигна офсајд знаменцето, сепак по инструкција од ВАР собата, погодокот беше признат.
Јунајтед до крајот имаа уште неколку убави шанси, но Лено остана несовладан.