Актуелниот ракометен европски првак, скопски Вардар со сигурност нема да биде во истата група со францускиот шампион, ПСЖ во новата сезона во ракометната Лига на шампиони. И Вардар и ПСЖ се носители на групите А и Б за жрепката која ќе се одржи во четврток.
„Црвено-црните“ знаат дека во истата група со нив ќе биде вториот француски претставник во ЛШ, екс-шампионот на Европа, Монпелје затоа што екипи од иста земја не смеат да бидат во иста група.
Се знае и еден од противниците на ПСЖ во групната фаза. Тое е тимот на Загреб, од шестиот барабан.
Во групите „Ц“ и „Д“ беа одредени квалитативните барабани.
Вториот македонски претставник во ЛШ идната сезона, битолски Еурофарм Работник е сместен во шестиот шешир заедно со Кристијанштад од Шведска.
Истото правило важи и во овие две групи, па затоа вториот шведски претставник во ЛШ, Савехоф ќе биде еден од противниците на „фармацевтите“.
Уште една работа е сигурна. Еден од противниците на Кристијанштад во групната фаза ќе е Динамо Букурешт.