Европскиот ракометен шампион, скопски Вардар денеска со почеток во 17.30 часот во „Викторија Арена“ во Брест, Белорусија ќе го одигра натпреварот од 9. коло од ракометната Лига на шампиони против домаќинот Мешков.
Тренерот на екипата, Едуард Кокшаров за денешниот меч во составот ќе го има на располагање десниот бек, Даинис Кристопанс. Сепак, Вардар ќе биде „тенок“ на левата бековска позиција затоа што таму нема да бидат на располагање Кристијан Дисингер и Сергеј Горбок. Единствен од поискусните кој може да игра на таа позиција е Павел Атман.
Сепак во официјалниот записник пред мечот Вардар на таа позиција ги пријави младите Карапалески и Кукуловски.
На претходните мечеви со Киелце во ЛШ, Вардарци во комбиниран состав, со Дибиров и Чупиќ на бековските позиции успеаја колку толку да му парираат на противникот и да го надополнат недостатокот на играчи поради повредите.