Top Sport

Вардар вечерва на поправен со Барса во „Блауграна“, Парондо вели мора да напаѓаме подобро

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва во „Блауграна“ во Барселона ќе има нов меч против тимот на Барселона предводен од тренерот Пасквал. Нашите ракометари пред една недела не се прославија во Скопје против истиот противник. Сега имаат шанса за поправен.

Каталонците во Скопје славеа со 30-26 пред 6.000 гледачи. Вардар катастрофално стартуваше на тој меч, но во текот на сите 60 минути гостите предводени од „снајперистот“ Дика Мем му задаваа проблеми на голманскиот тандем на вардаровиот гол.

Тренерот Парондо сепак е задоволен од одбраната, но вели дека Вардар го имаше најлошиот напаѓачки ден во сезоната.

„Барса одигра одличен натпревар, а ние го имавме најлошиот ден оваа сезона во нападот, а бевме добри во одбраната. Мора да анализираме, дали затоа што ние бевме лоши, или тие премногу добри. Мора да се обидеме да напаѓаме подобро, да не губиме топки со наивни грешки, бидејќи тоа ѝ дозволува на Барса да постигнува лесни голови од контра“ – изјави Парондо за медиумите во Шпанија.

Натпреварот во кој сите очекуваме силен отпор од Вардар за фаворизираниот домаќин започнува вечерва во 19 часот, а на него Вардар влегува од четвртата позиција во групата А.

Scroll to Top