Top Sport

Вардарецот Чупиќ – дел од најдобрата хрватска постава во декадата зад нас

Хрватскиот портал „Индекс“ спроведе нкета во која посетителите на сајтот ја одбираа најдобрата постава во хрватскиот ракомет во декадата што заврши на 31 декември 2019 година.

Последните 10 години во хрватскиот национален тим поминаа многу играчи. Некои од нив веќе се простија со активното играње (Ивано Балиќ и Блаженко Лацковиќ), но некои се уште жарат и палат низ салите во Европа.

Таков е случајот со десното крило на скопски Вардар, Иван Чупиќ.

Сепак да почнеме по ред, од голманската позиција.

Најдобар голман е избран Мирко Алиловиќ за кого глас дале 8.400 од анкетираните.

Лево крило со најголем број гласови е Мануел Штрлек кој нема да биде дел од ЕП кое започнува денес поради несогласувања со Хрватскиот ракометен сојуз. За Штрлек гласаа 13.300 навивачи на „коцкастите“.

Најголемата борба беше за позицијата лев бек. Тука Лацковиќ и Дувњак речиси идентични во гласовите. Сепак ракометарот на Кил заостана пред поискусниот колега.

На местото среден бек неприкосновен е Ивано Балиќ.

Изборот за најдобар десен бек падна на Лука Степанчиќ, а зад него останаа Денис Бунтиќ и Марко Копљар.

Позицијата десно крило му припадна на Вардарецот Иван Чупиќ кој веќе не е дел од плановите на селекторот Лино Червар. Чупиќ собра околу 11.000 гласови и зад себе ги остави Златко Хорват и Ведран Зрниќ.

Ренато Сулиќ го победи Игор Вори кога се работи за пикерската позиција.

За најдобар одбранбен играч е избран Јаков Гојун.

Scroll to Top