Top Sport

Вердер и Ајнтрахт ги поделија бодовите, публиката уживаше во натпреварот (видео)

Франкфуртски Ајнтрахт одигра реми нагости против Вердер Бремен 2-2 и се искачи на 4. место на табелата во Бундес лигата.

Егештајн погоди за водство на домашните од Бремен во 27. минута, а во 35 минута Хрватот Ребиќ со прекрасен погодок носи израмнување на резултатот.

Во вториот дел Вердер со голот на Харник во 52. минута повторно поведе, но израмнувачкиот погодок овојпат беше дело на Хале во 68. минута, од пенал.

Ајнтрахт со денешниот бод привремено се искачи на четвртата позиција на табелата, пред утрешното гостување на петтопласираниот Лајпциг во Диселдорф.

Scroll to Top