Top Sport

Видал е со импресивна серија, брка осма првенствена титула во низа

Чилеанецот Артуро Видал кој минатото лето за 18 милиони евра од Баерн Минхен премина во редовите на шпанска Барселона може да се нарече „човек-титула“.

Тој од 2012 година па се до сега, кога е пред освојување на осмата првенствена титула во низа со Барселона, на крајот на сезоната го подигнува пехарот.

Со Јувентус првак беше четири години во низа, од 2012 до 2015, по што Торино го замени со Минхен за 35 милиони евра.
Со Баерн освои три наслови првак на Германија од 2016 до 2018, а сега му се насмевнува осмата титула по ред, прва во шпанската Ла лига.

Постои еден трофеј кој Чилеанецот не го подигнал, тоа е „пехарот со големите уши“. Затоа годинава е во можност да се надева дека и тој сон ќе му се исполни затоа што Барселона игра полуфинале во ЛШ, против Ливерпул.

Scroll to Top