Англискиот боксер Џони Фишер го нокаутира хрватскиот борец Ален Бабиќ за 28 секунди во Лондон, поточно во „Copper Box Arena“.
Ова беше најбрзиот нокаут во кариерата на Фишер, а познат е и по прекарот „Бикот од Ромфорд“.
Силните удари кои Британецот ги упати во главата на Бабиќ беа прецизни и пресилни за хрватскиот боксер на нозе да го издржи налетот под кој се наоѓаше.
Бабиќ нешто по полноќ го забележа вториот пораз во 14. меч во професионалната кариера, а тоа беше 12. победа во исто толку борби за големата надеж на британскиот бокс.
Истата вечер, можете да гледате боксерски натпревар помеѓу две пензионирани ММА ѕвезди – Нејт Дијаз и Хорхе Масвидал.
Нејт Дијаз ја прослави одлуката на судиите, а многу фанови веруваат дека Масвидал всушност победил.
The ringside angle of 𝗧𝗛𝗔𝗧 @johnnyfisherbox KO ☠️#FisherBabic pic.twitter.com/mQoczqpxNu
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) July 6, 2024