Top Sport

(Видео) „Можеш ли да ми се потпишеш на градите“ – Новак Ѓоковиќ доби необично барање за автограм

Српскиот тенисер низ годините доби многу необични барања, но ова ќе остане високо на таа листа.

Новак Ѓоковиќ го совлада Холгер Руне и со тоа ја забележа првата победа во групната фаза на завршниот турнир во Торино. По победата, која му обезбеди најмалку 400 недели на светскиот врв, се погрижи и годината да ја заврши на врвот на АТП листата (по осми пат).

Во еден момент отиде да потпишува автограми кога доби неочекувано барање.

Еден од фановите го замоли да му се потпише на градите. На почетокот Новак не беше сигурен дали мажот е сериозен, јавуваат српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nitto ATP Finals (@nittoatpfinals)

Тогаш момчето почна да си ја откопчува кошулата, а Новак реши да му го исполни барањето.

Scroll to Top