Top Sport

Вијали во борба со ракот: Мора да се биде трпелив!

Поранешниот италијански фудбалер на Јувентус и на Челси, Џанлука Вијали води исклучително исцрпувачка борба со ракот. Тој е речиси непрепознатлив, но не се предава.

„Мора да се биде трпелив, потешко е од што мислите дека ќе биде, но резултатите се позитивни и нема причина да не продолжам да водам нормален живот“ – рече екс-итралијанскиот фудбалер.

Неговиот лик изгледа измачено и покажува јасни знаци на борбата со ракот.

Поранешниот силен центарфор е ослабен, а терапијата ја продолжи од март годинава.

Вијали добива поддршка од навивачите кои ја видоа сликата од фудбалерите родени во 1964 години. Некогашниот напаѓач на Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челси треба наскоро да стане тим-менаџер на селекцијата на Италија.

„Одам на терапија од март. Морам да бидам физички и ментално подготвен за да се соочам со овој предизвик. Се надевам дека ќе бидам подготвен за наредниот собир во ноември, не само гостин, туку во вистинската улога. Се чувствувам дека сум во добри раце. Продолжувам со терапијата. Мора да се биде трпелив, потешко е од што се надевате. Се е во најдобар ред“ – вели Вијали.

Scroll to Top