Top Sport

Виланова ја освои НЦАА титулата, Ди Виченцо играч на мечот (Видео)

Кошаркарите на Виланова Вајлдкетс ја освоија титулата во НЦАА шампионатот. Во големото финале, во Сан Антонио, Виланова го победи Мичиген со 79:62. Ова е втора титула за Виланова во последите три години.

Херој на овогодишното финале е Донте Ди Виченцо кој натпреварот го запона од клупата за резерви.

Ди Виченцо натпреварот го заврши со 31 поен, што е нов рекорд во финалните мечеви, кога се работи за резервите. Ди Виченцо чии прекар е „Мајкл Џордан од Делавер“, погоди пет тројки, а имаше и пет скока, три асистенции и вде блокади.

Инаку, Мичиген подобро влезе во натпреварот, имаше предност од 19:14, кога кошаркарите на Виланова ја презедоа играта во свои раце.

Покрај Ди Виченцо кај Виланова се истакна уште Мајкел Бриџис со 19 поени, 15 од нив постигна во второто полувреме.

Најдобар играч на Мичиген беше Мориц Вагнер со 16 поени.

Scroll to Top