Легендарниот кошаркар, Винс Картер потпиша нов, едногодишен договор со НБА тимот на Атланта Хоукс, со што тој ќе ја игра својата 22 сезона во најсилната светска кошаркарска лига. Со ова Картер ќе стане единствениот кошаркар кој стигнал до вакво постигнување.
Картер има 42 години и доколку се најде на теренот на 1 јануари 2020 година, ќе стане првиот играч кој настапил во 4 декади во НБА лигата (игра од 1998 година).
Винс Картер и понатаму е корисен за екипите во кои настапува. Во минатото беше препознатлив во атрактивните забивања, а со текот на годините негов препознатлив знак стана шутот од далечина. За тројка шутира со 39% успешност.
Минатата сезона Картер одигра 76 натпревари, деветпати беше стартер, а просечно постигнуваше по 7,4 поени на меч.
Пред Атланта играше за Сакраменто, Мемфис, Далас, Фекинс, Орландо, Њу Џерси и Торонто.
Осумпати беше Ол-стар играч, а најдобриот учинок го имаше во својата трета сезона во НБА, во тимот на Торонто, со просечни 27,6 поени по меч.
.
Vince Carter
❝ ??? ??????????? ❞
₂₀₁₉ pic.twitter.com/U7OUz8M63T— Atlanta Hawks (@ATLHawks) September 20, 2019