Top Sport

Виси ли бракот на тренерот на Лајпциг, во сон „урла“ по играчите!

Јулијан Нагелсман (32), младиот тренер на германскиот прволигаш Ред Бул Лајпциг не е баш во завидна состојба.
Неговиот тим е во криза, како во Бундеслигата, така и во ЛШ.

По домашниот пораз од Шалке изминатиот викенд, вчера Лајпциг доживеа домашен пораз и до француски Лион.
Сепак, тоа не се единствените грижи на младиот стратег.

„Ноќно време „урлам“ по моите играчи, им издавам тактички упатства во сон. Другиот ден ништо не се сеќавам, а гледам дека жена ми е раздразнета и ненаспана. И порано тоа го правев, но не вака често. Изгледа дека сега притисокот е поголем, па почна да се повторува“ – вели Нагелсман.

Младиот тренер, за кого велат дека е опседнат со фудбал, нешто слично како на времето Жозе Мурињо,очигледно ја нервира сопругата Верена, со која го има синот Максимилијан. Таа засега не излегла со коментар.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');