Top Sport

Во Арсенал не го сакаат Обамејанг за капитен?

Одлуката на тренерот на Арсенал, Унаи Емери да му ја земе капитенската лента на Швајцарецот, Гранит Џака и да му ја додели на Пјер-Емерик Обамејанг не е баш најдобро прифатена во соблекувалната.

Џака остана без привилегијата да биде водач на „топчиите“ по мечот со Кристал Палас кога домашните навивачи му свиркаа, а тој ја фрли лентата и го извади дресот. Оттогаш тој веќе не заигра за Арсенал.

На прес-конференцијата пред мечот со Гимараеш, Емери објави дека Габонецот Обамејанг ќе биде новиот капитен, но останатите играчи тоа не го прифатиле, пишуваат дел од англиските медиуми.

Играчите, во текот на летото, по заминувањето на Лоран Кошчиелни, сами го одбираа новиот капитен, а сега менаџерот одлучи да го занемари нивното мислење и сам го избра голгетерот за капитен.

Дел од играчите се се уште бесни на Обамејанг поради неговиот однос на навивачкиот YouTube канал „АФТВ“. Габонскиот напаѓач често ставал лајс на постовите во кои се бара смена на Емери од кормилото.

По 12 кола во ПЛ, Арсенал е шести на табелата, со 8 бода помалку од местата кои водат во ЛШ.

Scroll to Top