Top Sport

Во Атлетико не се снајде, се сели во Јунајтед – Томас Лемар

Францускиот репрезентативец, Томас Лемар летото 2018 година стигна во Мадрид, во Атлетико за високи 70 милиони евра.

Претходно блисташе во Монако, играше на Мундијалот во Русија и стигна до златото, па очекувањата беа дека кај Симеоне ќе оди скала погоре.

Сепак, не се снајде во Ла Лига, а сега е веќе вишок на „Ванда Метрополитано“. Не ги исполни очекувањата.
Тимовите од Премиерлигата и понатаму во него гледаат потенцијал, се пишуваше дека заинтересиран е Арсенал, а сега во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

„ЕСПН“ пренесува дека негови претставници се сретнале со луѓе од Јунајтед за потенцијален трансфер пред идната сезона. Договорот на Лемар со „јорганциите“ има важност уште 3 години.

Сепак, „ѓаволите“ се убедени дека можат да го договорат, пред се поради фактот што Чоло Симеоне веќе го отпиша.

Јунајтед веруваат дека францускиот фудбалер би можел на „Олд Трафорд“ да се пресели за околу 45 милиони евра.

Scroll to Top