Top Sport

Во сообраќајна несреќа загина олимписки шампион

Еден од најпознатите аргентински атлетичари, Брајан Толедо (26) го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Толедо во 2010 година освои златен олимписки медал на ОИ за млади во Сингапур, а во последната деценија беше најдобриот аргентински фрлач на копје. Тој во 2017 година освои злато на континенталниот шампионат.

Толедо, кој важеше за еден од кандидатите а медал и на Олимпијадата која летоска треба да се одржи во Токио настрада во сообраќајна несреќа во градот Маркос Паз, на 30 километри од Буенос Аирес.

На ОИ во Лондон во 2012 беше 30-ти на светот, а четири години подоцна во Рио ја зазема 10-тата позиција.

Scroll to Top