Top Sport

Војна меѓу ПСЖ и весникот „Л’Екип“ : Нејмар и Мбапе не се на продажба!

Францускиот фудбалски гигант ПСЖ излезе со соопштение во кое ја информираат јавноста дека нема да ги продаваат Нејмар и Мбапе.

Францускиот весник „Л’Екип“ вчера пренесе вест дека ПСЖ за да ја избегне истрагата од УЕФА за финансиски фер плеј, ќе ги продаде двете најголеми ѕвезди во тимот.

„Клубот ги демантира тие гласини за кои се пишува. Тврдењата се погрешни и смешни, се прашуваше која е причината и мотивот на споменатиот медиум да пишува за нас. Во последно време се шират многу невистини и со тоа се наштетува на клубот. Соочени со дезинформациите, со кои Лекип циклично оркестрира поткопување на нашиот клуб, повикуваме на дијалог во иднина“ – се вели во соопштението на ПСЖ.

Од клубот велат дека се под истрага за кршење на ФФП правилата, но без конкретни мерки, а сметаат дека весникот ја објавил веста за подобро продавање на своите весници.

Според наводите на весникот, ПСЖ бил 84 милиони евра екстар во минус од дозволеното.

Scroll to Top