Top Sport

Вознемирувачки снимки од Белград – Хулигани тепаа навивачи на Партизан по мечот со Жалгирис

Страшни сцени беа видени пред „Штарк арената“ по натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу Партизан и Жалгирис.

Непознати напаѓачи, хулигани со палки и фантомки, напаѓале и тепал навивачи кои излегувале од најголемата српска сала.

Во еден момент настанал општ хаос и стампедо, а луѓето панично бегален на сите страни. Не се знае кој стои зад овој напад, ниту каде била полицијата по натпреварот на кој присуствувале околу 20.000 навивачи.

Во голем број објави и коментари на социјалните мрежи се посочува дека наводно напаѓачите се навивачи на Црвена звезда.

Scroll to Top