Интересен детал го обележа синоќешниот полу-финален реванш во Лига Европа, помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал, на „Ванда Метрополитано“.
На трибините на стадионот на Атлетико се најде и најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал со шал на „јорганџиите“ околу вратот. Надал бурно го прослави и голот на Диего Коста со кој Атлетико го победи Арсенал 1-0 и се пласира во финалето.
Оваа информација немаше да биде чудна доколку Надал не е деклариран навивач на најголемиот ривал на Атлетико, Реал Мадрид.
Hoy, mañana y siempre de Rafa Nadal. Un ejemplo que apartó su madridismo para apoyar a un equipo de su país y con una sonrisa. No le importó ponerse la bandera roja y blanca y mandar un guiño a todos sus seguidores del Atlético. Quedan pocos de su raza ? pic.twitter.com/lPaHciKbzn
— Nacho Palencia (@NachoPalen) May 3, 2018
Надал никогаш не ја криел љубовта кон „карлскиот клуб“, а од поблиското минато датира и неговата изјава дека би сакал да биде претседател на Реал. Тенисерот секогаш бурно ги прославувал титулите на Реал во изминатите години.
Дека тој е секогаш добредојден сведочи и сликата од првиот натпревар против ПСЖ, во осмина-финалето во Лигата на шампионите, кога навивачите на Реал приредија сјајна кореографија на која се наоѓаше ликот на Надал.
Прашање е како на ова „предавство“ на надал ќе реагираат фановите на Реал.