Капитенот на евроскиот шампион, Ливерпул, Англичанецот Џејмс Милнер пред 4 години од Манчестер Сити прејде во редовите на Ливерпул и за вој период стана еден од клучните играчи кај „црвените“.
Во кариерата играл против сите најдобри играчи на денешницата, против Меси, Роналдо, но ги изненади сите со признанието дека најтежок противник му бил Вилфред Заха.
„Двапати добивав црвен картон по прекршоци врз него, јасно ви е дека е ужасно тешко да го чуваш, непредвидлив е“ рече Милнер.
Пред неколку дена пак францускиот фудбалер Патрис Евра призна дека токму Милнер него му бил најтежок противник за чување.
„Најтежок противник против кого сум играл беше Џејмс Милнер. Играв против Меси многупати, не велам дека е лесно да го чуваш но можев да се носам со тоа. Милнер е опасен кога оди по средината, може да се намести и на лева, и на десна нога. Тој знаеше да ме исфрустрира. Јас сум напаѓачки ориентиран бек, но тој ме следеше секаде по теренот, дури и во скок дуелите“ – рече Французинот.