Манчестер Јунајтед со одделни играчи преговара за продолжување на договорите, а Маркус Рашфорд е еден од нив. 21-годишниот напаѓач на „ѓаволите“ ќе добие нов 5-годишен договор со неделна плата од 150.000 фунти, со што ќе стане петти најплатен играч во клубот.
Откако Солскјер е менаџер на „Јунајтед, Рашфорд е во идеална форма, постигна 8 гола на 18 натпревари.
Управата на „ѓаволите“ е во преговори и со Мата, Де Хеа и Херера, а во Јунајтед се убедени дека повисоката плата ќе ги натера овие фудбалери да ја продолжат верноста кон клубот.
Ова се топ 5 платите на играчите во Манчестер Јунајтед, пресметани во фунти, на неделно ниво:
Алексис Санчес – 450.000
Пол Погба – 260.000
Ромелу Лукаку – 220.000
Давид де Хеа – 200.000
Хуан Мата – 145.000