Кристијано Роналдо покажа дека и кога е на одмор вежба, секаде каде што може. Португалската ѕвезда реши празниците заедно со семејството да ги помине во Дубаи.
Кај него нема многу време за опуштање, па затоа одлучи да трча низ пустината. Тој е снимен како со синот и со двајца пријатели трчаат ноќе.
Со обезбедување на високо ниво, со пат осветлен од фарови, Роналдо со друштвото трчаше километри и километри низ пустината.
Ова е само уште еден пример како напаѓачот на Јувентус ја одржува формата за подготвен да го дочека продолжувањето на предизвиците со својот тим.
Погледнете:
https://youtube.com/watch?v=dQTmcjVYRME