Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев направи силен рез во изборот на фудбалерите кои во иднина ќе ги бранат боите на екс-светскиот првак.
Лев ги пречкрта од списокот за евроквалификациите кои започнуваат овој месец трите ѕвезди од Баерн Минхен, Џером Боатенг, Матс Хумелс и Томас Милер.
Тројцата фудбалери се дел од генерација која во 2014 година во Бразил ја освои четвртата титула Светски шампион.
Селекторот овој потег вели дека го прави се со цел да им даде шанса на помладите во селекцијата.
„Поминаа многу години во националниот тим и дадоа голем придонес. Јас им се заблагодарувам на Матс, Џером и Томас за многуте успешни, извонредни и единствени години кои ги минавме заедно“ – рече Јоаким Лев.
Тројцата фудбалери кои во иднина нема да се дел од селекцијата зад себе имаат голем број мечеви одиграни за националниот тим.
Томас Милер има 100 настапи за Германија на кои постигна 38 гола.
Боатенг одигра 76 средби, а Хумелс настапи на 70 меча.