Ги одбројуваме деновите до новогодишните и божиќните празници, а најдобар знак дека се блиску е турнејата Четири скокалници.
Сезонава турнејата ќе се одржи по 73-ти пат во својата историја, а традиционално започнува во Оберстдорф, каде главното натпреварување е закажано за в недела. Потоа најдобрите ски-скокачи на денешницата се селат во Гармиш-Партенкирхен на Нова Година, пред да се преселат во Австрија на преостанатите две станици од турнејата, прво во Инсбрук на 4. јануари, а потоа во Бишофсхофен два дена подоцна.
Што се однесува до фаворитите пред почетокот на борбата за „Златниот орел“, на чело на листата е Германецот Пијус Пашке, кој моментално води во генералниот пласман на Светскиот куп. Пашке оваа сезона победи на пет од 10 натпреварувања и пред почетокот на новогодишната турнеја, неговата предност во трката за Кристалниот глобус е 79 поени пред Даниел Чофениг од Австрија.
Чофениг, кој сезонава победуваше два пати, ги предводи австриските кандидати за титулата, вклучувајќи ги Јан Херл и Штефан Крафт, кој е единствениот во топ 10, во Светскиот куп што го има „Златниот орел“.
Од сенка својата шанса ја чекаат Швајцарецот Грегор Дешванден и уште еден германски скокач Андреас Велингер, а секогаш постои шанса некој да ги изненади, што се случувало многупати низ историјата.
Распоред на натпреварите:
Оберстдорф:
28 декември 16:30 квалификации
29 декември 16:30 скокови
Гармиш-Партенкирхен:
31 декември 14:00 часот квалификации
1 јануари 14:00 скокови
Инсбрук:
2 јануари 13:30 часот квалификации
3 јануари 13:30 скокови
Бишофсхофен:
5 јануари 16:30 квалификации
6 јануари 16:30 скокови