Top Sport

Жикица Тасевски по поразот од Вардар даде неотповиклива оставка од Работнички

По денешниот пораз од Вардар во 24. коло од ПМФЛ, шефот на стручниот штаб на ФК Работнички, Жикица Тасевски поднесе неотповиклива оставка.

Тасевски заминува од кормилото на клубот по третиот пораз во низа, по што тој ја презеде одговорноста за слабите резултати.

„Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е Работнички!“ – изјави Жикица Тасевски.

Работнички во моментов е на 6 позиција на табелата во ПМФЛ со 31 освоен бод по 24 кола.

Scroll to Top