Top Sport

Жоао Феликс: Чувството е одлично заради добриот почеток со Атлетико

Новиот играч на Атлетико Мадрид, Португалецот Жоао Феликс изразил задоволство од победата на неговиот нов клуб во дуелот против Реал Мадрид со високи 7-3 на претсезонскиот натпревар одигран во САД.

Феликс постигна погодок на дебито за „јорганџиите“.

„Многу сум среќен што стигнавме до победата, но беше тоа претсезонски натпревар кој ни помага во играта. Играв добро и го правев она што најдобро го знам. Убаво е кога навивачите имаат високи очекувања. Чувството е одлично“ – рече младиот фудбалер за „Марка“.

Scroll to Top