Србинот Сергеј Милинковиќ Савиќ (СМС) иако нема сезона за паметење, сепак го привлекува вниманието на фудбалскиот пазар. На крајот на минатата сезона беше на мета на најголемите европски клубови оти имаше 14 гола и 9 асистенции за Лацио.
Сезонава 24-годишниот фудбалер постигна 4 гола со 2 асистенции, но сепак шпанските медиуми информираа дека Зинедин Зидан го сместил неговото име во списокот на потенцијални засилувања за следната сезона.
Се наведува дека покрај Азар, Мбапе, Ернандез, Зидан побарал од Флорентино Перез на „Бернабеу“ да го доведе и СМС.
Од „Еуроспорт“ велат дека освен Србинот, Реал е заинтересиран и за играчот од среден ред на Наполи, Бразилецот Аллан (28).
Неодамна италијанските медиуми информираа дека Милинковиќ Савиќ речиси сигурно летоска се сели на „Сан Сиро“ во Милан, затоа што сака следната сезона да игра во ЛШ.