Top Sport

Зидан со Бејл во стартниот состав кај Селта

Велшкиот фудбалер, Герет Бејл е стартер наденешното гостување на Реал Мадрид кај Селта во првото коло од новата сезона во Примера.

Многумина тоа го протолкуваа како крај на војната меѓу фудбалерот и неговиот тренер, Зинедин Зидан. Ова се чини е изнудена одлука на францускиот тренер затоа што новото засилување на Кралевите, Еден Азар се повреди, а во ростерот на Реал недостасуваат уште тројца играчи на истата позиција, па затоа Бејл мораше да го стартува дуелот.

Зидан потенцираше дека Бејл не го сака во тимот, а војната ескалираше кога пропадна трансферот на Велшанецот во кинески Сутонг.

Попладнево Реал игра со овој состав, без ниту едно од имињата кои летово дојдоа на „Бернабеу“:Куртоа, Карвахал, Марсело, Рамос, Варан, Крос, Модриќ, Касемиро, Бејл, Винисиус, Бензема.

Scroll to Top