Како Ајакс минатата сезона напредуваше во Лигата на шампиони, така се ширеа гласините дека најдобрите фудбалери ќе го напуштат клубот по крајот на сезоната.
Клубот од Амстердам стигна до полуфиналето на ЛШ, а дел од оние кои имаа големи заслуги за успехот навистина отидоа. Сепак, во клубот остана Мароканецот Хаким Зијеш.
Иако се очекуваше дека тој ќе биде првиот што ќе ги напушти „копјаниците“ и ќе се пресели во Баерн Минхен за 35 милиони евра, сепак, се случи токму спротивното.
Го продолжи договорот за уште 3 години, до јуни 2022 година.
Зијеш минатата сезона постигна 21 гол, па се очекува неговата соработка со српскиот фудбалер Душан Тадиќ да продолжи во нападот на Ајакс.
You asked for magic? ?#ExtendingZiyech pic.twitter.com/TsQ6rIr0kc
— AFC Ajax (@AFCAjax) August 9, 2019