Белградска Црвена Звезда со пораз се „протна“ во следната фаза од квалификациска рунда од Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ денеска беа поразени со 2-1 од ХЈК Хелсинки во Финска, но благодарение на победата од 2-0 во Белград се пласираа во третото квалификациско коло.
Хелсинки со погодок на Далсторм во првиот дел поведе со 1-0, а Јовановиќ во 56 минута израмни на 2-1.
Во финишот од мечот, Хелсинки стигна до предност од 2-1 преку Риски, но немаше време за изненадување.
Во останатите денешни мечеви од квалификациите за ЛШ азербејџански Карабак со 3-0 славеше против ирски Дундалк па се пласираше во следната фаза затоа што првиот нивни меч во Ирска заврши 1-1.
Розенборг со 2-0 во Норвешка против Бате Борисов го надомести украинскиот пораз од 2-1 и се пласираше во следната рунда.
https://youtube.com/watch?v=0v_FSt_gygA
Место во следната фаза има и за дански Копенхаген кој вечерва со 1-0 славеше победа против ТНС од Велс. И на првиот меч славеше данскиот тим со 2-0.
Најголема неизвесност имаше на дуелот меѓу шведски АИК Стокхолм и словенечки Марибор. Откако мечот во Шведска заврши со резултат 2-1 за домаќините, исто како резултатот на првиот меч, натпреварот влезе во продолженија. Со голот на Елунуси во 93 минута домаќините успеаја да поведат со 3-1, но радоста им ја скрати гостинскиот играч Крету кој погоди за 3-2. Поради повеќето голови дадени на гостински терен, Марибор се избори за следна фаза.