Во Сиднеј со ждрепка се одредени групите во АТП-купот, натпреварување со кое ќе биде отворена новата сезона.

Турнирот ќе се игра во Сиднеј, Бризбејн и Перт од 3. до 12.јануари, а наградниот фонд изнесува 15 милиони долари. На овој турнир максимално ќе можат да се освојат 750 бодови во сингл и 250 во дубл.

На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации кои се поделени во шест групи, а во завршницата која ќе се игра во Сиднеј ќе се пласираат првите две селекции од секоја група. Секоја репрезентација ќе има по двајца играчи, што значи дека ќе се играат по два сингл и еден дубл меч.

АТП куп:

Бризбејн:

Група А: Србија, Франција, Јужна Африка, квалификант
Група Б: Германија, Грција, Канада, Австралија

Перт:

Група Ц: Шпанија, Јапонија, Грузија, квалификант
Група Д: Русија, Италија, САД, квалификант

Сиднеј:

Група Е: Швајцарија, Белгија, Велика Британија, квалификант
Група Ф: Австрија, Хрватска, Аргентина, квалификант