Top Sport

37-годишната Татјана Марија сензационално го освои Кинс Клуб

Германската тенисерка Татјана Марија е сензационална победничка на турнирот во Квинс.

Триесет и седумгодишната Марија дојде во Лондон, односно во Квинс Клуб, со цел да се обиде преку квалификациите да избори на турнирот, а си замина со титулата.

Во квалификациите, таа ги победи Чан и Родионова, кои вкупно ѝ однесоа шест гема.

Во првото коло, ја победи Лејла Фернандез (30. на ВТА листата), во второт славеше над Каролина Мухова (14), а потоа ветеранката славеше и над Елена Рибакина (11) и Медисон Киз (8).

Во неделата, во финалето Марија ја победи Аманда Анисимова (15) со 6:3, 6:4.

Ова е четврта титула за Марија во кариерата, а на речиси 38 години, таа стана најстарата шампионка на ВТА по Серена Вилијамс во 2020 година во Окленд.

„Кралица на Квинс“, напиша Марија пред камера по триумфот, посветувајќи ја титулата на својот сопруг и децата.

Патем, Марија е првата шампионка на Квинс по 52 години, бидејќи оваа година, за прв пат по повеќе од половина век, турнирот се одржа и во женска категорија.

Scroll to Top