Со штафетните трки на 4×400 метри заврши Светското првенство во атлетика, кое се одржуваше во Јуџин. Последните трки им припаднаа на домашните атлетичари.
Американците победија убедливо во двете конкуренции на 4400метри.
Мажите го запреа часовникот на 2:56.17 минути, пред Јамајка (2:58.58) и Белгија (2:58.72).
Дамите на САД победија со време 3:17.79 минути. Втора беше Јамајка (3:20.74), а трета Велика Британија (3:22.64).