Осумкратниот шампион од Базел, Роџер Федерер имаше победнички старт на домашниот турнир, откако со 6:2/4:6/6:4 беше подобар од Србинот Филип Краиновиќ во меч од 2 часа и 9 минути.
Во март, во последниот нивни дуел, Федерер загуби само три гема во Индијан Велс, но овојпат се намачи за да стигне до победата и загуби сет во првото коло во Базел првпат од 2008 година. Ова беше 40. победа на Швајцарецот оваа сезона и 67. триумф во Базел, каде што има низа од 16 победи по поразот во финалето во 2013 година од Хуан Мартин дел Потро.
Следен за Федерер е Германецот Јан-Ленард Штруф, кој со 7:6(3)/6:2 во првото коло го совлада Австралиецот Џон Милмен.
Фото: ЕПА