Top Sport

Ачерби исфрлен од италијанската репрезентација поради расизам

Италијанскиот фудбалер и дефанзивец на Интер, Франческо Ачерби денеска ја напушти репрезентацијата откако во неделата беше обвинет за расна навреда на играчот на Наполи, Хуан Жесус.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) денеска соопшти дека Ачерби им ја претставил својата верзија за настаните на соиграчите во репрезентацијата и селекторот Спалети, каде изјавил дека нема намера да го навредува Жесус на расна основа, туку дека одлучил да не биде дел од репрезентацијата за претстојните два пријателски натпревари, против Венецуела и Еквадор.

ФИГЦ ќе го испраша Ачерби за инцидентот, бидејќи Жесус му пријавил на судијата на натпреварот Интер-Наполи дека Ачерби го нарекол „црнец“.

„Се извини затоа што сфати дека отишол предалеку, што се случува на теренот, останува на теренот“, изјави Жесус по мечот.

Серија А соопшти дека судискиот извештај ќе биде објавен во вторник, а потоа се очекува да се знае дали ќе се отвори истрага против Ачерби.

Ачерби ризикува суспензија од десет натпревари, а италијанските фудбалски власти може да побараат подолга суспензија доколку сметаат дека е потребно.

Scroll to Top